Први реагираа од македонското здружение за заштита на ретки птици „Macedinian owl trust“ кои повикаа на реакција на полицијата и инспекторските сужби и заслужена казна за овие злосторници. Во дискусиите по социјалните мрежи двајцата ловџии веќе се препознаени и се чека на соодветната полициска реакција.
„Златен - сури орел, кај нас во Македонија е веќе вистинска реткост, на прсти можат да се избројат македонските орли. Веројатно се сеќавате колку напори вложивме и вративме во природа повредени, отруени, заробени и запленети ретки видови кои според Законот на природата на Македонија би требалo да уживаат статус на 'Заштитени со највисок степен на заштита'. Згрозени и вознемирени од овие фотографии ве молиме доколку ги препознаете овие 'позери', пријавете ги“, апелираа од здружението за заштита на ретките птици.
Од фотографиите се гледа дека орелот бил фатен жив и не се знае како и каде бил уловен орелот, ниту пак што направиле со него.