МВР: Рокот за замена на дозволите за поседување и носење оружје е до 12 април

Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје истекува на 12 април.

„Министерството за внатрешни работи соопштува дека согласно одредбите од член 86 од Законот за оружјето („Службен весник на Република Македонија“ број 7/05, 47/06, 42/07, 86/08, 72/10, 158/11, 119/13, 164/13, 152/15, 193/15 и 55/16), рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје („Службен весник на СРМ“ број 25/72, 30/72, 18/76, 26/76, 15/83, 51/88 и „Службен весник на Република Македонија“ број 26/93 и 49/2003), истекува на 12.04.2017 година. До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена“ , соопштија од МВР.

Барањето, велат оттаму, треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе