истражување

Момчињата на 15 години 18 пати сексуално поактивни од девојчињата

„Меѓуродовата диспропорција од 12:1 во пријавените сексуални искуства на момчињата и девојчињата, односно од 9:1 во употребата на кондом при првиот сексуален однос во групата на етнички Албанци/ки, е силна евиденција за родовата нееднаквост во однесувањата поврзани со сексуалното здравје кај младите во Македонија“, истакнаа денеска Лина Ќостарова-Унковска и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници која беше промовирана денеска во Скопје.

Според истражувањето момчињата Македонци и Албанци на 15-годишна возраст се повеќе сексуално активни од своите врснички од понежниот пол, односно триесет и шест отсто од момчињата рекле дека се сексуално активни, наспроти два отсто од девојчињата.

„Дел од клучните наоди укажуваат дека младите од Македонија не се безбедни и доволно подготвени за првите сексуални искуства и интимни релации. Нивната грижа за себе и за сопственото (сексуално) здравје е спорадична, ненавремена и со високи меѓуродови разлики, за сметка на девојчињата“, изјави Ќостарова.

Според истражувањето педесет и четири отсто од испитаните 15-годишни момчиња Македонци рекле дека при првиот сексуален однос користеле кондоми, а дури 64 отсто при последниот. Кај девојчињата Македонки бројките велат при прв пат кондом користеле 31 отсто, а дури 53 отсто при последниот пат, додека 48 отсто момчињата Албанци користеле кондом, а само 5 отсто од девојчиња Албанки. Најретко се вљубуваат девојчињата Албанки (55 отсто), додека највљубени се момчињата Македонци (93 отсто)

Според авторката на истражувањето Ќостарова-Унковска бројките кај нивните европски врсници говорат дека 24 отсто момчиња и 17 отсто девојчиња биле сексуално активни на таа возраст. Големата разлика во бројките за сексуално активните момчиња наспроти девојчињата се објаснува со македонското општество и неговите традиционални сфаќања, додаде таa.

Ќостарова нагласи дека сексуалното образование мора да се внесе на голема врата во македонскиот образовен систем.

Според последното истражување на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ младите со изразена хомо и бисексуална привлечност (вљубеност) се многу почести жртви на малтретирање во училиште, но и жртви на психичко и физичко насилство во домот, во споредба со нивните хетеросексуални врсници.

„Депресивните чувства на тага и безнадежност, со сериозни самоубиствени идеи, се меѓу највисоките ризици по живот, со кои се соочува оваа „невидлива“ група млади“, изјави Ирена Цветковиќ, извршна директорка на Коалицијата СЗПМЗ.

Публикацијата се потпира на истражувачки резултати за сексуалните однесувања, интереси и заштита кај младите (15 год.) од Македонија, добиени со нивно директно учество во меѓународната лонгитудинална (HBSC) студија. HBSC Студијата e меѓународно истражување за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11 г., 13 г., и15 г.), кое се спроведува секоја четврта година, во 44 земји од Европа и Северна Америка.

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе