Младите во Македонија сѐ повеќе посегнуваат по седативи

­Вкупно 24,2 проценти од младите пушеле цигари и 38 отсто употребиле алкохол во последните 30 дена, покажуваат резултатите од извештајот за Употребата на цигари, алкохол и дроги кај училишната младина во 2015 година на Институтот за јавно здравје на Република Македонија. 

Главниот истражувач за застапеноста на психоактивни супстанци и нивно користење од ученици (ЕСПАД) во Македонија Силвана Ончева, рече дека значително се намалува бројот на млади кои користеле цигари од 56,5 проценти во 1999 година на 38 отсто во 2015 година, што е под европскиот просек од 46 проценти.

„Една четвртина или 24 проценти пушеле цигари во последните 30 дена, додека европскиот просек е 21 процент. Загрижува големиот број млади, односно 38 проценти кои земале алкохол во последниот месец, како и 26 отсто млади кои испиле над пет пијалоци во една прилика. Европскиот просек е 48 проценти“ изјави Ончева.

Од Институтот известија дека најчесто употребуван алкохол е пивото со што најчесто и се започнува, по што следи виното и жестокиот пијалок. „Како возраст на првата употреба на алкохолот најмногу има на 15 години, но има и случаи на под девет годишна возраст“, објаснуваше Ончева.

Таа посочи дека од 35 држави што учествувале во истражувањето Македонија по бројот на млади кои пушеле цигари во последните 30 дена е на 14­то место, а по бројот на млади кои користеле алкохол во последните 30 дена е на 9­то место. Според истражувањето енергетски пијалок користеле 60 проценти од кои 10 отсто над 40 пати во животот. ­

„Најмногу загрижува податок за бројот на млади кои имале искуство со седативи, каде 14,7 проценти користеле седатив препишан од доктор, а 11,5 отсто во животот земале седативи непрепишани од доктор, а европскиот просек е 6 проценти. Во однос на марихуаната има стагнација, каде 5 проценти одговориле дека користеле во текот на животот, а 2,2 отсто во последните 30 дена“

Според Ончева иако голем број млади се изјасниле дека спортуваат, две третини од младите се секојдневно на интернет, а загрижува и тоа што 13,6 проценти од учениците изјавиле дека се коцкале за пари во изминатата година, каде најчесто или 16,2 процени станува збор за кладење во спортска обложувалница.

ЕСПАД истражувањето е спроведено во 82 средни училишта при што се анкетирани 4.739 ученици. Извештајот ги елаборира резултатите од вкупно 2.430 ученици на возраст од 15 до 16 години. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат дека е неопходна едукација на јавноста за штетноста од употребата на алкохол и тутун кај младите, зголемување на капацитетите на советувалиштата, забрана на површини засадени со тутун, дебати и кампањи во медиуми, забрана за емитување на емисии кои промовираат пушење и употреба на алкохол и имплементација на законот за пушење и рестрикции за пушење на јавни места. 

Декемврискиот извештај на Мeѓународната кризна група и платформата на трите партии на македонските Албанци.

повеќе

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе