МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Лутфиу ја потпиша Програмата за вториот циклус на студии на Факултетот за исламски науки

Министерот за образование и наука , Пиштар Лутфиу заедно со претставници на Министерството за образование и наука (МОН), денес оствари работна средба со раководството на Факултетот за исламски науки.

Делегацијата на МОН беше пречекана од страна на претседателот на ИВЗ Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и деканот на Факултетот за исламски науки(ФИН) Фаредин Ебиби.

Министерот Лутфиу на претседателот на ИВЗ и на деканот на Факултетот за исламски науки им честита за Решението за почеток со работа од страна на МОН за вториот циклус  на студии од академската 2017/2018 година. Исто така од страна на МОН се обезбедени 4 милиони денари за научната и образовната дејност на ФИН.

На средбата Министерот и претседателот на ИВЗ  разговараа и за надминување на предизвиците во насока на создавање на поквалитетни кадри, конкуренти во областа на развојот на  оваа висока образовна институција, соопштија од МОН.

 

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе