РОСУ

Косовската специјална полиција распоредена на границата со Македонија

Специјалните единици на косовската полиција РОСУ се распоредени на границата со Македонија по информацијата дека неколку косовски граѓани учествувале во судирите со македонската полиција во Куманово, пренесува српски Блиц повикувајќи се на косовската телевизија Кохавижн.

Специјалните полициски сили биле испратени на границата со Македонија синоќа на полноќ, јавува приштинската телевизија.

Припадниците на РОСУ се поделени во две групи. Неколку единици се стационирани во Генерал Јанковиќ, а другите во делот од границата на територијата на општина Гњилане.

Одлуката да се испратат специјалните единици на границата со Македонија била донесена по најновите случувања во Куманово.

Полицијата на Косово ќе продолжи да ги надгледува сите гранични премини со Македонија, по информациите дека во терористичката група која се судрила со македонските полициски сили имало и граѓани на Косово, пренела телевизијата Кохавижн.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе