Подготвени се предлог-протоколи

Коалицијата „Менуваме“ бара покачување на посебниот детски додаток и додатокот за попреченост

Коалицијата „Менуваме“ смета дека висината на посебниот детски додаток и додатокот за попреченост треба да се зголеми и за тоа подготвила предлог-протоколи. „Протоколите се плод на многу размислувања, разговори, согледување на негативните и позитивните страни на протоколите и методологијата на нивните изработки се базираше на следните факти. Посебниот детски додаток треба да се покачи 5.100 на 10.000 денари и додатокот за попреченост од 7.100 на 12.000 денари“, велат од Коалицијата Менуваме.

Бараат Министерството за труд и социјална политика и Владата веднаш да свикаат владина седница и да донесат одлука за пренамена на буџетски сретства. Потенцираат дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на седумте инвалидски организации во земјава а на годишно ниво изнесуваат 180 милиони денари да се пренаменат и да се додадат во буџетот за посебниот детски додаток и додатокот за попреченост.

„Ако може сите невладини да се бориме без буџет со душа и срце можат и тие инвалидски организации кои ги нема никаде. Коалицијата Менуваме како партнер од невладиниот сектор упорно чекаше решение за проблемот, но, се уште го нема и се одлучи на ваков начин да допринесе за брзо и ефикасно решение“, се вели во соопштението од Коалицијата „Менуваме“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе