Во Тетово

Изречени 18 казни за брзо возење на „Индустриска“

Со употреба на радар, тетовската полиција попладнево  повторно контролираше колку брзо се вози по булеварот „Видое Смилевски-Бато", познат како „Индустриска" улица, при што се изречени 18 казни.

„За само неколку часа изречени вкупно 18 мерки за пречекорена брзина над 30 километри, и имало и такви кои возеле над 50 километри на час“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

И во средата тетовската полиција при локална контрола за брзина откри и санкционираше вкупно осум возила кои ја пречекориле максимално дозволената брзина на оваа улица.  И во наредниот период се предвидени вакви контроли на булеварот.

До засилените контроли доаѓа по барање на граѓаните откако шест годишно девојче го изгуби животот како пешак на 13 јануари. Во понеделникот се одржа и протест.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе