Решена е дилемата на струшкиот градоначалник

Хани до Села: Портата и црквата се на територија на Вевчани

Портата и црквата во Вевчани, а и отстранетите сообраќајни табли се на територијата на општина Вевчани, а не на Струга.

Ова е одговорот на министерот за локална самоуправа Тахир Хани, кој преку Алсат – М телевизија одговори на барањето на градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села.

„Земјиштето на кое е изградена црквата и портата се на територија на општина Вевчани, значи во катастарска општина Вевчани и не се дел од општина Струга“, изјави Хани, а за проблемот со сообраќајните знаци ги упати и општината Вевчани и градоначалникот Села до јавното претпријатие „Македонија пат“.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе