Екстерно тестирање: сите прашања ќе бидат достапни за учениците

Министерството за образование и наука го унапреди системот за екстерно тестирање и од годинава прашањата нема да им бидат непознати на учениците.

Креиран е т.н. јавен отворен базен на прашања за сите предмети во основно и средно образование кои се дел од екстерното тестирање. Тие ќе бидат јавно достапни 30-тина дена пред полагањето, а три дена пред полагањето ученикот точно ќе знае по кои предмети ќе полага.

- При изготвувањето на прашањата кое е во тек, во предвид се зема застапеноста на наставниот предмет, односно неделниот фонд на часови по тој предмет. Така на пример за предмет кој е предвиден со еден час неделно ќе се изготват приближно 100 прашања, а за наставен предмет кој е застапен со два часа неделен фонд, приближно 200 прашања..., истакна на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Надлежните истакнуваат дека унапредуавњето на системот е направен во консултација со сите засегнати страни и оти целта е подобрување на квалитетот на знаењето.

Министерот појасни дека тематски прашањата ќе се однесуваат на содржини кои се лесни за помнење, но суштински многу значајни што ќе придонесе за стекнување на практично применливи знаења во понатамошните образовни и работни циклуси во животот.

Новина е и тоа што од годинава со екстерното тестирање ќе бидат опфатени и учениците од завршните години кои ќе полагаат во текот на јануари.

 

Белосветските планери на дестабилизации и пучеви не ќе можат воено неутрална Македонија да ја крчмат како ќе им одговара.

повеќе

Во извитопереното балканско општество на лажни вредности, големата црна лимузина е симбол дека сте фаца и дека сте оној што одлучува. Дека сте цар, крал, претседател, премиер, началник - оној што го држи ќесето и од чие ќесе им се дели на подредените. А рајата нека плаќа и молчи. Зашто за друго и не е, сè додека молчи!

повеќе

Каква врска има бројот на луѓето со исправноста и реалноста на тоа што го бараат?

повеќе