Економија

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) информираа дека 30 компании пројавиле интерес и доставиле 14 технички решенија како предлози за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Консултантската германска компанија „Фихнер“ до крајот на јуни треба да одлучи кое од решенијата е најсоодветно за градење.

23 Април 2017 - 07:50

Владата синоќа на итна седница формираше комисии кои од денеска излегуваат на терен за проценка на штетите на овошните и лозови насади по ниските температури кои ја зафатија земјава деновиве. Министерот за земјоделсто, шумарсто и водостопанство Михаил Цветков кажа дека штетите се навистина големи бидејќи пследните три-четири дена температурите се спуштија и до минус 7 степени.

23 Април 2017 - 07:17

Владата на Република Македонија вечерва ќе одржи вонредна седница заради премрзнувањето на овошките по ниските температури и мразеви што преовладуваа неделава. Во Преспанскиот регион се проценува дека овошките се целосно уништени и дека годинава родот ќе биде повеќе од преполовен.

22 Април 2017 - 18:23

Македонската економија и покрај политичката криза забележува добри економски резултати, но и очекувања – како последната проекција на ММФ за раст од 3.2% во 2017. Ова се видувањата од пролетните средби во Вашингтон со Светска банка и ММФ на кои учествуваат и министерот за финансии Кирил Миноски и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

22 Април 2017 - 12:24

Покрај Амазон, ги тестира и Си-ен-ен и многу помали или поголеми компании, ги користат поединци, но и здруженија, а законодавството сè уште не знае како да ги класифицира. Еве неколку кул начини за нивна примена...

21 Април 2017 - 11:52

Вип ги информира своите корисници на мобилната постпејд телефонија дека имаат можност да купат билет за возење во автобусите на ЈСП Скопје од својот мобилен телефон. Со оваа услуга купувањето билет е многу едноставно, а сè што треба да направите е да ги следат следните чекори.

20 Април 2017 - 15:25

По концертот што се одржа минатиот месец во Лондон, каде Горилаз(Gorillaz) за прв пат го претставија нивниот нов албум Humanz во живо, Telekom Electronic Beats најавува уште еден настан кој ќе се одржи за прв пат: разговор во живо со бендот, кој ексклузивно ќе се емитува на YouTube каналот на Electronic Beats, во четврток, 20 април во 16 часот.

20 Април 2017 - 15:13

По светската премиера, Самсунг електроникс (Samsung Electronics Co. Ltd.) ги претстави своите најнови паметни телефони, уредите галакси С8 (Galaxy S8) и галакси С8+ (Galaxy S8+) и на Македонскиот пазар.

20 Април 2017 - 13:58

Македонски Телеком почнува со официјална продажба на најновиот модел на телефон Хуавеи П10(Huawei P10), за што подготви одлична понуда. Единствено денеска од 17 до 20 часот само во Телеком продавницата во Сити мол(Citу Mall), корисниците што ќе склучат нов или ќе го обноват својот постоечки Доверба 24 договор во Smart L или Magenta 1 L тарифите, ќе можат да го купат Хуавеи П10 со неверојатен попуст од дури 50 отсто, односно по цена од 12.490 денари.

20 Април 2017 - 11:45

Светскиот ден на хемофилијата секоја година се одбележува на 17 април, а тоа е прилика јавноста на најдобар начин да се информира за хемофилијата - наследна генетски условена состојба која се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крвавењето.

20 Април 2017 - 10:51

Маса долга над 35 метри, повеќе од 60.000 капачиња од пиво, над 50 члена екипа и стотина статисти е сликата од првиот ден на снимањето на новата реклама за Скопско во огромниот хангар на Пивара Скопје. 

19 Април 2017 - 17:48

Македонски Телеком денеска ја отвори реновираната продавница во Чаир. На денот на отворањето на реновираната продавница во Чаир, Македонски Телеком подготви неколку изненадувања за своите корисници. Секој корисник кој на денот на отворањето на продавницата ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор има можност да купи мобилен телефон iPhone 6 во Smart M тарифата со попуст од 30 отсто, додека попустот во Smart L тарифата e дури 50 отсто.

19 Април 2017 - 16:49

ЕВН Македонија го отвори новиот Кориснички енерго центар во Битола за корисниците во овој реон. Новиот објект е лоциран во населбата Боримечка на површина од близу 1.000 м2 и е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено. Соодветниот паркинг простор овозможува и полесен пристап до КЕЦ-от, а општите и специфични услови за работа на вработените се надградени.

19 Април 2017 - 16:42

Денеска во Тројачката котлина, во близина на Прилеп, започна изградбата на дел од магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола.

19 Април 2017 - 16:31

Империал тобако ТКС Скопје 15-годишнината ја одбележува со инвестирани 33 милиони евра со кои е модернизиран производниот процес, воведени се највисоки стандарди и зголемен е капацитетот на производство.

19 Април 2017 - 14:55

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе