Зелени кредити на НЛБ банка за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

НЛБ банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра.

Станува збор за кредити за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, кои ќе им помогнат на клиентите-физички лица да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење при изведба или реновирање на објекти.

Како енергетски ефикасни технологии кои се прифатливи за кредитирање од оваа кредитна линија се сметаат инвестирања во топлинска изолација, топлински пумпи, енергетски ефикасни котли и печки за затоплување, клима уреди, како и сончеви колектори за топла вода, соларни фотоволтаични системи и бојлери и замена на прозорци и врати.

Дополнително, преку овие кредитни продукти, кредитокорисникот има можност за поврат на грант до 20% од направената инвестиција кој е финансиран од Европската Унија.

Како општествено одговорна компанија, НЛБ банка е фокусирана на поддршка на еколошки одржлива економска активност, особено активност која го поддржува намалувањето на трошоците на своите клиенти, на проекти поврзани со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина, што во целост кореспондира со политиката на банката за одговорно кредитирање и одржливост.

Инаку, ова е втора кредитна линија на НЛБ банка за Зелени кредити во соработка со ЕБОР. Во рамките на првата линија беа пласирани три (3) милиони евра до крајни корисници - физички лица. Досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации над 460 илјади евра за успешно завршени проекти, кои и натаму се исплаќаат.

Комерцијален текст

 

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе