Здружението „Напредни лозари“ не ги прифаќа предложените цени на „Тиквеш“

По денешните информации од ВВ „Тиквеш“ за предложените откупни цени на грозјето за ова реколта, Трајче Кулев, претседателот на здружението на лозарите од тиквешијата и пошироко „Напревни лозари“, изјави дека не ги прифаќа откупните цени на грозјетето - 16 денари за вранецот и 12 за смедеревката.

Кулев потсети дека лозарите се на работ на преживувањето и дека годинава лозарите мора да покажат дека се доволни силни за да се спротивстават на  манипулацијата на главните  одгледувачи на основната суровина за виното, грозјето и да се знае дека без грозје нема вински бизнис.
Денеска „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите за откуп на грозје.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе