Законот за платежни услуги ќе понуди поевтини услуги и подобра заштита, велат од Народната банка

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи кој ќе стапи во сила по Нова година, ќе придонесе за поширока понуда на поевтини платежни услуги за граѓаните и компаниите, нуди подобра заштита на потрошувачите  и поголема транспарентност, оцениле гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими на вчерашната средба во Народната банка, инфомираат од централната банка. Со воведувањето на платежна сметка со основни функции, за трансакциите и трансферите нема да се плаќа повеќе од 30 денари.

Гувернерката и министерот на нивната редовна координација оцениле и дека законот поставува насоки и ограничувња за надоместоците за платежните услуги што е во функција на заштитата на потрошувачите.

„На средбата беше посочено дека, во следниот период, институциите ќе се заземат за информирање на граѓаните и на фирмите за новините коишто ги предвидува овој системски закон. Меѓу нив е и воведувањето платежна сметка со основни функции, преку која граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за намирување на своите вообичаени обврски или трансфер на парични средства на друго лице. За извршувањето на овие трансакции, граѓаните ќе плаќаат разумна висина на надоместоци, не повисоки од 0,1% од просечната исплатена нето-плата во земјата во претходните дванаесет месеци (или околу 30 денари), во кои ќе биде вклучено месечното одржување на сметката и најмалку пет платежни трансакции месечно кон примач кај истата банка. Платежната сметка со основни функции ќе биде без надоместок за корисниците од ранливите категории“, информира Народната банка.

Со Законот за платежни услуги и платни системи се предвидуваат и повеќе други механизми за заштита на потрошувачите поврзани со надоместоците, како склучување унифицирани рамковни договори и предвидени видови надоместоци, ограничување на заменските надоместоци за плаќање со картички, поголема транспарентност и споредливост на надоместоците за услуги поврзани со платежната сметка. Исто така, во областа на платежните услуги би се вклучиле нови даватели на платежни услуги, што би придонесло за намалување на цените за услугите.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе