За уредбите на Владата бесплатен електронски пристап до веб-страницата на Службен весник

Граѓаните ќе имаат бесплатен електронски пристап до објавените уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредната состојба, информираат од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.

ЈП Службен весник на РСМ ја информира јавноста дека за време на траењето на вонредната состојба, преку својата веб-страница ќе овозможува бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ , се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.

Најновите прописи од секој број на службениот весник ќе бидат објавени на насловната страница од јавната страна , додека содржината на службениот дел од службениот весник ќе може да се побара во бесплатните изданија. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе