За Светското првенство во фудбал специјална акција на Горење

Конечно започна најочекуваниот спортски настан на годината, а ние имаме до 20 декември да ги бодриме нашите омилени фудбалски тимови во нивната потрага по златото во Катар. Кога атмосферата ќе се загрее до точка на вриење, вашиот најголем сојузник за освежување ќе бидат Горење фрижидерите, а избраните модели ќе бидат по специјални промотивни цени во текот на ноември и декември, благодарение на Горење како официјален спонзор за фрижидери на ФИФА Светското првенство 2022 и нивната специјална промоција наречена „Време е за освежување!“.

Апаратите на кои треба да обрнете внимание почнуваат со ознака NRK (NoFrost Plus), а ние ви откриваме што ги прави идеални за разладување во најжешките моменти од светското првенство.

Gorenje FIFA World Cup Qatar 2022™ • Време е за освежување!

Новите Горење фрижидери имаат одлична изолација, подобрена заштита на вратите, компоненти на системот за ладење со врвен квалитет и електронски контроли кои ја сведуваат потрошувачката на енергија на минимум.

Тие имаат еден од најдобрите NoFrost Plus системи за ладење на пазарот, вграден во делот за замрзнување, кој спречува таложење мраз за да се намали потрошувачката на енергија. Како резултат на тоа, просторот за складирање храна е оптимално искористен, а одмрзнувањето и чистењето на внатрешноста повеќе не е потребно. Пакетите или парчињата замрзната храна нема да се лепат едни до други, така што храната во замрзнувачот ќе биде уредна и чиста.

Тие имаат и идеална микроклима на секоја полица, системот за вентилација MultiFlow 360° рамномерно го распределува воздухот во фрижидерот, обезбедувајќи оптимална циркулација на воздухот и најдобри услови за складирање на вашата храна.

Фрижидерите од оваа серија се карактеризираат со паметниот систем AdaptTech, кој е развиен за одржување на константна температура во фрижидерот, без разлика колку често ја отворате вратата. Постојано го следи начинот на кој го користите и управува со температурата за да го спречи нејзиното растење, обезбедувајќи пијалаци и храна да останат посвежи подолго време. Покрај тоа, потрошувачката на енергија дополнително се намалува.

ЛЕД осветлувањето во фрижидерот овозможува одлично и исклучително ефикасно осветлување, а со оглед на тоа што има подолг животен век, троши значително помалку електрична енергија во споредба со класичните светилки.

Бидете сигурни дека без разлика кој модел ќе го изберете, нема да погрешите! Исто така, во текот на ноември ќе има и други апарати по специјални цени, како што се машини за перење, како и вградни рерни и плочи и мали апарати за домаќинство и правосмукалки. Искористете ја оваа единствена можност и реновирајте го вашиот дом со апаратите на Горење, кои се направени да ја вршат работата едноставно и ефективно.

Комерцијален текст

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе