Поддршката на овие јавни повици е во форма на кофинансирање, односно до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор, силос и мандри, или поединечно по корисник поддршката изнесува до 3.500.000 денари за трактор, 1 милион денари за силоси и 600.000 денари за мандри по корисник. Поддршката за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка која овозможува инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутун. Максималниот износ на поддршката за оваа мерка по корисник изнесува 4.500.000 денари.
Висината на грантот за проектот рурална жена е зголемена од 3.000 на 6.000 евра по корисник и преку овој проект се мотивираат жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство.
Во наредниот период министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за Рурален развој предвидува распишување на нови два јавни повици за набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз и јавен повик за изградба на пристапни патишта до земјоделски површини.