За поддршка во земјоделството стигнале 2.901 апликација

За набавка на трактор, поддршка за изградба на силоси, изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун и за проектот за рурална жена до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнале вкупно 2.901 апликација, од кои 2.675 за набавка на трактори, 132 за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 за набавка на опрема за производство на тутун, 24 за изградба на силоси и 8 за изградба на мандри.

Поддршката на овие јавни повици е во форма на кофинансирање, односно до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор, силос и мандри, или поединечно по корисник поддршката изнесува до 3.500.000 денари за трактор, 1 милион денари за силоси и 600.000 денари за мандри по корисник. Поддршката за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка која овозможува инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутун. Максималниот износ на поддршката за оваа мерка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Висината на грантот за проектот рурална жена е зголемена од 3.000 на 6.000 евра по корисник и преку овој проект се мотивираат жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство.

Во наредниот период министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за Рурален развој предвидува распишување на нови два јавни повици за набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз и јавен повик за изградба на пристапни патишта до земјоделски површини.

 

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе