Фонд за осигурување на депозити

За обесштетувања од Еуростандард банка досега исплатени 3,3 милијарди денари

Од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари што претставува близу 80% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување, информира Фондот за осигурување на депозити.

Како што стои во соопштението од Фондот, ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

„Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија, исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити“, се додава во соопштението.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе