За куфер без простор за грижи: Патничко и домаќинско осигурување

Патувањата во странство носат убави моменти, но секогаш постои ризик да се случи некој непредвиден и непосакуван настан. Токму поради тоа патничкото осигурување треба да ви биде задолжителна придружба на секое патување надвор од земјата, и овој тип осигурување ќе ви го направи одморот навистина безгрижен и сигурен.

Патничкото осигурување на Кроација овозможува безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. 

Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремениот престој во странство и гарантира покривање на евентуалните трошоци во случај на неопходна медицинска помош поради незгоди и несакани настани. Треба да се има предвид дека постојат различни нивоа и видови покритија кај патничкото осигурување. Токму затоа треба да се избере она што најмногу одговара на конкретното патување.

Кроација осигурување за време на годишните одмори подготви три блу травел пакети (Blue Travel), создадени во согласност со различните потреби на клиентите. Сите пакети вклучуваат осигурително покритие за ковид-19 до 10 000 евра со можност за територијално покритие за Европа или за целиот свет.

Сепак, за да биде целосно доживувањето, а вашиот мир загарантиран, неопходно е  домот во кој сте вложувале време, љубов и дел од животот да го оставите во „сигурни раце“. Осигурувањето на домот и имотот е единствено обезбедување и начин да се заштитите од несреќи, незгоди, разни оштетувања и огромни трошоци што следуваат потоа. Нема ништо поважно од тоа кога домот ви е обезбеден и осигурен и кога можете да бидете спокојни додека сте надвор од државата. Несреќи и незгоди се случуваат и ништо не може тоа да го предвиди, единствено може целосно да се испланира и да се спроведе заштита на домот и на имотот со осигурување.

Токму од овие причини, кога се пакувате за патување, не носете си ги и грижите со себе затоа што Кроација ви гарантира безбедност и сигурност. Продажната акција на полиси е сè  уште во тек, а до крајот на месец август останува уште малку време за да се искористи оваа поволност. Со купување патничко осигурување од Кроација до крајот на август се добива промотивен попуст во висина од 30% на полисата за домаќинско осигурување со којашто вашиот празен дом за време на патувањето останува заштитен во случај на кражба, поплавa, пожар и други ризици дефинирани согласно со соодветниот пакет. Кроација осигурување - неживот нуди три пакета за домаќинско осигурување, согласно со расположливиот буџет и потребите, а тоа се: основен, стандарден и премиум пакет.

 Комерцијален текст

 

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе