Вучиќ кажа дека по последните настани околу санкциите на ЕУ кон Русија, со кои Хрватска се покажала, како што нагласи, како недовервил партнер за нафтоводот „Јанаф“, кој е единствениот нафтовод со кој Србија се снабдува со нафта, Белград донел решение за почеток на изградба на нафтовод кон Унгарија, а во план е изградба и на нафтовод со „пријателите од Отворен Балкан".
„Мораме да почнеме да ги диверзифицираме изворите на нафта. Србија ќе започне со изградба на нафтовод до Унгарија. Во согласност со договорот што јас и Виктор Орбан веќе го постигнавме, ќе започнеме со изградба на нафтовод Нови Сад – Унгарија, до Алџа, во должина од 128 километри.Нафтоводот може да чини и до 100 милиони евра“, рече српскиот претседател.
Според него ќе бидат потребни меѓу 18 и 24 месеци за да се изгради нафтоводот до Унгарија.
„Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Северна Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премережиме нашата земја со нафтовод. Ќе започнеме брзи разговари со нашите партнери од Отворениот Балкан и регионот“ рече Вучиќ.
Вучиќ говорејќи за гасното поврзување и диверзификацијата со изворите на гас, најави дека ќе се гради и гасно поврзување со Македонија, што, како што кажа, веќе е влезено во плановите на ЕУ за финансирање.
Како што кажа Вучиќ, Србија има резерви на нафта за 75 дена, на бензин за 59 дена и полни капацитети на гасни резерви.
„Србија во овој период ќе се снабдува со нафта на различни начини, ќе купуваме ирачка нафта, која е за 20 отсто поскапа, а ќе ја носиме во нашата земја преку нафтоводот Јанаф“, нагласи Вучиќ.
Тој кажа и дека наредил сѐ што произведуваат фабриките во Србија, 20 отсто мора да остане во Србија и за вооружените сили, како и дека ќе се вложат уште 12 милијарди во инфраструктурата.