СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Втор погон на италијанскaта компанија „Витило“ во Бунарџик

Во Бунарџик италијанската индустриска групација „Витило" го отвори и вториот производствен погон и инвестираше дополнителни 10 милиони евра за нови 100 вработувања.

Од компанијата велаат дека веќе се размислува и за трета фабрика во Македонија.

Генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило, изјави дека вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а вработени ќе бидат преку 300 лица. Тоа е шестпати повеќе од првичната инвестиција.

„Овие бројки ја потврдуваат нашата одлука за инвестирање во Македонија, државата во која верувавме и во која стекнавме пријатели кои ни овозможија да се чувствуваме како дома“, истакна Витило.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски потенцира дека новата инвестиција на Витило е уште една потврда за одличната соработка на Владата со странските вложувачи. Инвестицискиот циклус во Македонија, рече Пешевски, евидентно зема се поголем замав. Во изминатите 60 дена неделно се отвораат две до три инвестиции.

„Нови, втори фабрики минатата недела најавија и компаниите Џонсон Контролс и Ван Хол во кои ќе се вработат околу 2.000 лица. Ако се земат предвид и инвестициите најавени само во изминатите два месеца на Акомпласт во Прилеп, Икстрејд и Џерман електро-мехатроник систем, домашните Технопласт и Хајтек, Капкон… бројот на нови работни места ќе се искачи на 5.000, а вкупните инвестиции ќе надминат 160 милиони евра“, рече Пешевски.

Вицепремиерот потсети и на најавените инвестиции во Полошкиот регион, во Охрид, Кичево, Штип и Пробиштип кои во фази ќе вработат дополнителни 7.000 лица.

„Големиот број инвестиции за краток временски рок е доказ дека не очекува успешна инвестициска година, рекордна по бројот на инвестиции“, истакна Пешевски.

Според италијанскиот амбасадор Ернесто Белели, реализацијата на втората фаза од инвестицијата на „Витило“ е доказ за довербата на италијанските инвеститори во Македонија. Белели потсети дека во ТИРЗ Скопје има три италијански компании.

Групацијата „Витило“ е присутна во Македонија од 2011 година и произведува хидраулични спојки за висок поритисок и гумени црева за голем број индустрии. Производството до Македонија е наменето за Европа, земјите на Заливот и Америка. На отворањето на новиот погон присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе