Во Тетово ќе произведуваат електрични возила, објави Владата

Владата денеска одлучи да даде согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „Некст.е.Го Мобиле“.

Како што соопшти владината прес-служба, мултимилионската инвестиција од Некст.е.Го Мобиле СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори 3-4.000 нови работни места.
„Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили.
Придобивките од оваа инвестиција се многукратни - од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании“, пишува во соопштението.
Претходно првиот вицепремиер Артан Груби објави дека ќе се произведуваат електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра.

„На годишнината од Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август ќе поставиме камен-темелник на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе