Во овој момент не можеме повеќе да се бориме со инфлацијата, зашто е увезена, вели Битиќи

Продолжуваат преговорите со синдикатите и како што најдовме решение за минималната плата, ќе најдеме решение и за усогласување, односно за растот на платите, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Тоа што имаме разидување со синдикатите е решението „сега или никогаш". Ние велиме „не, решение ќе најдеме сега, одржливо, со целосна методологија за раст на плати, за да не се вратиме следната година зашто не чекаат други предизвици со синдикатите. Ние нудиме одржливо и долгорочно решение, кое нема да направи голема разлика. И не е вистина дека не се зголемени платите,“ потенцира Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Во врска со инфлацијата, повтори дека до јули е 10,9 отсто.

„Дали можеме во овој момент повеќе да се бориме со инфлацијата – не, зашто е увезена. Опозиционерите многу добро знаат дека увозно и извозно зависна економија тешко се бори со инфлација, освен мерките кои соодветно се носат во овој период и дадоа резултат,“ рече Битиќи. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе