Кај Македонска Каменица

Во Македонија потврден нов случај на африканска чума

Потврден е нов случај на африканска чума, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), а според Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина, болеста е регистрирана во селото Моштица, општина Македонска Каменица, на фарма со екстензивен начин на чување свињи.

АХВ, како што соопшти, за новиот случај на африканска чума веќе ги известила одгледувачите на свињи.

„По поднесената пријава за сомнеж на болеста во одгледувалиштето, спроведена е официјална контрола од инспекциските служби на АХВ, а по извршеното лабораториско тестирање на земените мостри од угинати две свињи, од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдено е и присуството на болеста. На одгледувалиштето спроведени се сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување на епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот“, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

АХВ издаде ново Решение со кое нареди преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање и контрола на болеста во високоризичната зона (сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија), во зоната на заразено подрачје (ги опфаќа ловиштата во радиус од 20 километри од примарното жариште) и целата територија на Македонија.

Бабовски додава дека за појавата на ново жариште на африканска чума кај свињите АХВ официјално ги известила Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе