Статистика

Во јули инфлација од 16%, најмногу поскапеа лебот, млекото, месото...

Годишната инфлација во Македонија во јули е 16 отсто. Индексот на трошоците на живот во период од јуни до јули се зголемил за 1,9 отсто, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во јули индексот на цените на мало бележи зголемување од 14 отсто, споредено со јули лани. Цените на мало во текот на минатиот месец скокнале за 2,5 отсто во однос на јуни.

Најголем пораст кај трошоците на живот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 4,8 отсто, сирењето и урдата за 4,5 отсто, млекото за 3,6 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,9 отсто, виното за 2,5 отсто и месото за 1,8 отсто.

Во јули во однос на јуни регистриран е и пораст на цените кај воздухопловниот патнички транспорт за 36,5 отсто, туристичките аранжмани за 11,3 отсто, електричната енергија за 9,9 отсто, поправката на апаратите за домаќинствата за 8,8 отсто и услугите за сместување за 5,9 отсто.

 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе