Во „Аџибадем Систина“ изведена тешка операција на тумор која се врши само во специјализирани центри 

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е изведена исклучително тешка операција при која е изваден тумор од 62-годишна пациентка голем околу 18 сантиметри. Туморот се наоѓал на специфично место во абдоменот, на тежок простор за ослободување, а она што дополнително ја отежнувало интервенцијата е што навлегувал и во големата долна шуплива вена.

Како што соопштија од болницата, пациентката во моментов е во многу добра состојба, а изведената интервенција повторно го докажува врвниот квалитет на „Аџибадем Систина“, како клиника во регионот во која се изведуваат вакви тешки операции. Проф. д-р Владимир Димов, специјалист по општа и абдоминална хирургија под чие водство се изведе интервенцијата, вели дека вообичаено на овие простори ваков тип операции не се рутина, односно многу често пациентите се прогласуваат за иноперабилни со образложение дека болеста е во стадиум во кој не може да се стори ништо и евентуално се испраќаат на лекување во странски големи клиники.

 Успешната интервенција е извршена на пациентка кај која беше дијагностициран тумор на горниот дел на ретрооператиориумот, дел кој анатомски се наоѓа за абдоменот, каде што се наоѓаат бубрезите, панкреасот, но и сите крвни садови. Местото е специфично, тешко за пристапување, затоа што туморот се наоѓал над бубрежните вени зад црниот дроб каде што се вената и аортата.

Д-р Владимир Димов

„Она што дополнително беше комплицирано е што туморот навлегуваше и во големата долна шуплива вена или таканаречена вена (cava) во која го облитерира речиси 90 отсто нејзиниот лумен. Оваа позиционираност налага да се отстрани туморот заедно со дел од вената оти само така може да се отстрани во целост. Станува збор за многу сложена операција која бара мултидисциплинарен пристап. Вакви операции кријат огромен ризик за животот на пациентот, од типот на тромбоза или искрвавување. Но, благодарение на опременоста на болницата, искуството и знаењето на докторскиот тим ова се заврши многу добро, со минимална загуба на крв. Пациентката е во многу добра состојба и морам да потенцирам дека вакви тумори се лекуваат само во врвни клиники во специјализирани здравствени центри. Многу често овие случаи се прогласуваат за иноперабилни“, вели д-р Димов.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и со оваа интервенција покажува дека со  својата опременост, кадровска екипираност и мултидисциплинарен пристап е место каде што се решаваат извонредно комплицирани хирурушки интервенции кои по принцип се изведуваат само во многу големи центри во светот. Во оваа опасна и ризична операција исклучително важно беше искуството на тимот доктори, а во интервенцијата освен проф.д-р Димов беа вклучени и д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург, д-р Ален Јовчевски, абдоминален хирург и д-р Моника Симоновска, како дел од абдоминалниот тим.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе