Владата се предомисли за прогресивното оданочување, најавен нов концепт

Се укинува прогресивното оданочување што требаше да почне од 1 јануари и не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која беше усвоен новиот концепт на даночна реформа.

Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.
„Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза“, рече Ковачевски на прес-конференцијата по владината седница.

Ковачевски истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти.

„Од следната година нема да се применува прогресивното оданочување на доходот, што е одговор на бизнис заедницата и на граѓаните. Втората група треба да спречи злоупотреби при даночно ослободување и ќе ја намали даночната евазија. Тој предвидува повисоки казни за оние кои ќе го прекршат законот. Третата група предвидува законски измени за хонорарците. Доколку тие сакаат, самите ќе можат да изберат пензиско и здравствено осигурување на доброволна основа. На таа платформа ќе можат да се регистрираат и фриленсерите. Четвртата група се однесува на измена на законите и стапките на даноците за инвалидите и подобрување на положбата на жените. Стапката на ДДВ, на пример, ќе се намали за производите од групата 'менструална хигиена'“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постојните. Со новиот концепт, данокот на личен доход останува 10 проценти, данокот на добивка останува 10 проценти, данокот на додадена вредност останува 18, а нема да се оданочуваат ниту каматите на депозитите и штедните влогови.

„Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза“, рече Ковачевски.

Ковачевски појасни дека оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни и дека ќе има поголема праведност во оданочувањето.

Тој рече дека ќе се зголеми и оданочувањето во таканаречените „сиви зони“, а ќе има зголемени фискални зафати во дејностите кои негативно влијаат на животната средина со „зеленото оданочување“.

Со новата даночна реформа предвидено е да не се оданочуваат каматите на депозитите и штедните влогови до влезот на земјава во ЕУ, но доброволно ќе се оданочува хонорарната работа и фриленсерите.

Ковачевски рече дека во основа на новиот даночен систем е праведноста, но дека таа треба да придонесе за намалување на даночната евазија и сивата економија.

„Овој нов концепт значи ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Со ова, резултатот од новиот концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспаретно управување со јавните финансии што е особено важен услов во оваа најголема економска криза“, рече Ковачевски додавајќи дека целиот концепт ќе се реализира преку измени на законските решенија кои опфаќаат 4 групи закони.

Ковачевски рече дека е планирано да се оданочат и компаниите кои профитирале од енергетската криза, но како тоа ќе изгледа дополнително ќе се утврдува.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека новите даночни реформи предвидуваат проширување на даночната база преку намалување на сивата економија и намалување на даночните ослободувања, но не ги зголемува стапките на актуелните даноци.

Според Бесими, дел од даночните ослободувања ја надминале потребата од нив и затоа се намалуваат.

Бесими рече дека во системот на даночни ослободувања остануваат дел од оние кои се од исклучително значење, како она за реинвестирана добивка и донациите за спортот. Прехранбените производи остануваат со стапка на ДДВ од 5 отсто, но одделни производи кои се сметаат за луксуз, ќе имаат 10 отсто стапка на ДДВ.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе