Владата ќе се задолжува кај домашни банки, се остваруваат предвидувањата за продолжување на рецесијата

Информација за задолжување на Македонија со заем кај домашни комерцијални банки разгледала Владата на седницата која се одржала на 3 август годинава. Конкретни детали за задолжувањето не беа обелоденети во соопштението по седницата, па Блумберг Адриа праша за каков заем станува збор и колку пари се планираат да се повлечат на ваков начин. Владата инаку редовно издава државни хартии од вредност кои меѓу другите ги купуваат и банките. Задолжувања кај конкретни банки во вид на кредити каков што најверојатно е случајот сега имало и претходно во неколку наврати. Експертите предвидуваат продолжување на рецесијата.

Во одговорот од Владата стои дека ова задолжување е во рамки на активностите што ги презема Министерството за финансии за обезбедување средства кои се планирани и предвидени со ребалансот на Буџетот за 2022 година, кој беше усвоен од Собранието минатиот месец.

„Согласно проекциите во ребалансот, дефицитот за 2022 година во износ од 42,7 милијарди денари, отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 6,23 милијарди денари и отплата на домашен долг во износ од 5,54 милијарди денари треба да се финансираат преку задолжување на меѓународниот и домашниот пазар.

Имајќи ги предвид актуелните случувања на пазарите со повисоки каматни стапки во однос на она што беше состојба минатата година, се анализираат состојбите и на домашниот и на меѓународниот пазар и ќе се настапи со обезбедување средства во момент кога ќе биде најповолно. Интенцијата на Министерството за финансии и на Владата, е тие средства да се обезбедат по најповолни услови“, стои во одговорот од Владата до Блумберг Адриа.

„Со оглед на актуелните економски и надворешно-политички состојби, оваа година поголем фокус ќе биде ставен на финансирање од меѓународните пазари. Ваквата определба ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку надворешните извори за финансирање ќе се зголемат девизните резерви на државата“, се вели во ребалансот на буџетот.

Ваквата одлука на Владата доаѓа во услови на континуиран раст на задолженоста на државата и раст на каматите на кредитите на меѓународните пазари. Сепак сега се носи одлука за финансирање и на домашниот пазар.

Според експертите, во услови на намалена ликвидност во банкарскиот сектор, низок депозитен раст (до крајот на годината може и да немаме раст на депозит) ова ќе значи истиснување на приватниот сектор, фирмите и физичките лица. Владата ќе поттикне зголемување на каматните стапки во самите банки и ќе ја намали расположливата база за кредити на фирми и население. Ова оди во прилог на прогнозата за рецесија која ќе потрае, велат експертите.

„Блумберг Адриа“ веќе пишуваше дека највисоки камати за нови задолжувања меѓу земјите од регионот во моментов имаат Македонија со 6,7 проценти и Србија со 6,5 проценти.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе