Владата ја ограничи маржата за трговија со струја на 10%

Владата денеска донесе одлука за посебни услови за трговија на одделна стока, според која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија. Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.

Трговската маржа ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за мегават час од унгарската берза за електрична енергија (HUPX) на дневно односно часовно ниво, на цената на електрична енергија за мегават час во билатералните договори и цената на електрична енергија во договорите за снабдување со електрична енергија.

Највисоката трговска маржа до 10% ќе се применува до 15 април 2023 година.
Одлуката се донесува за да се заштити од нарушување домашниот пазар и да се избегне злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да почне да се применува пред почнување на грејната сезона.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе