Соопштение

Влада: Зголемената просечна плата е резултат на креиран економски амбиент

Повикувајќи се на денешните податоци на Државниот завод за статистика Владата истакнува дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4 отсто или за 2.173 денари во однос на истиот месец лани. Дополнително, споредено со месец септември таа е повисока за 1,8 отсто или за 494 денари.

„Во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креираме амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години. Владата е посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5 отсто и покачување на платите за 20 до 30 проценти односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата", се вели во денешното соопштение од Владата.

Согласно Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.

Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9 проценти повисока од октомври минатата година, а за 2 проценти повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе