Вкупниот буџет за земјоделството за 2022 година е 9,13 милијарди денари

Буџетот за земјоделството за 2022 година има развојна компонента со фокус на капитални водостопански инвестиции. Вкупниот буџет е 9,13 милијарди денари во кои спаѓаат основните буџети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Платежната агенција, Агенција за поттикнување и развојот на земјоделство, Агенција за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управтаа за хидрометеоролошки работи.

Основниот буџет на МЗШВ за 2022 година е проектиран на 2,025 милијарди денари кои ќе овозможат континуитет во реализирање на мерките и политиките за развојот на земјоделскиот сектор.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на прес-конференција соопшти дека Буџетот на МЗШВ за 2022 година споредено со 2021 е зголемен за 255,7 милиони денари и овие средства се, главно, насочени во водостопанството. Најголема сума од 1,27 милијарди денари е наменет за Управата за водостопанство.

Веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство. Тоа не е можно без вода. Затоа и во 2022 година продолжуваме со инвестиции во водостопанството кои опфаќаат продолжување на започнатите проекти и изградба на нови системи, рече Димковски.

Очекува, рече, дека наредната година ќе заврши изградбата на браната Коњско и да се продолжи со предвидената динамика на изградба на браната Речани и Речица – Равен согласно склучените договори. Ќе продолжи и финансиската поддршка за хидросистемите Лисиче и Злетовица и третата фаза на Јужновардаска долина која се однесува на изградба на систем за наводнување Јужен Вардар и ќе биде вклучен во буџетската програма за наводнување на Северна Македонија финансирани од КфВ банка.

Заменик-министерот за 2022 најави нов проект – Програма за наводнување на Северна Македонија во износ од 10 милиони денари. Средствата ќе бидат наменети за отпочнување на проектот за рехабилитација и изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар: хидросистемите Лисиче, Коњско, Пепелиште и Јужен Вардар, трета фаза финансирани со заем од КфВ банка и буџетското учество.

Останатите средства од буџетот на МЗШВ се наменети за инвестиции во земјоделство и руралниот развој, во износ од 279 милиони денари, потоа во шумарскиот сектор во износ од 223 милиони денари, од кои 197 милиони денари за шумската полиција, 28 милиони денари за програма за шумарство и ловство.

За Програмата за проширена репродукција на шумите планирани се 20 милиони денари кои ќе се користат за пошумување на голини и ерозивни земјишта во државата и приватната сопственост. Спроведување на нагледувачките мерки за подобрување на квалитетот и структурата на шумите со акцент на пошумување на опожарените површини. На овој начин МЗШВ интегрално пристапува кон зачувување и обновување на шумскиот фонд, истакна Димковски.

Како и секоја година, рече, најголем дел од средствата од буџетот на секторот земјоделство се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, која во 2022 година ќе располага со 6,14 милијарди денари, од кои 5,6 милијарди денари се наменети за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој односно 4,5 милијарди денари се наменети за исплата на субвенциите и 1,15 милијарди денари за капитални инвестиции во руралниот развој.

Како и претходните години, одвоивме сериозна сума за непречена исплата на субвенциите и ќе продолжиме како и досега редовно да ја реализираме исплатата за сите кои ги исполнуваат условите неселективно и навремено, истакна Димковски.

За капиталните инвестиции за руралниот развој се издвоени 1,15 милијарда денари, тука се инкорпорирани популарните мерки Млад земјоделец и Рурална жена. Средства во износ од 500 милиони денари се наменети за проекти за локална, патна инфраструктура, водоснабдителни и канализациски системи.., инвестициите за модернизација на земјоделското стопанство ќе бидат поддржани со 360 милиони денари, околу 30 милиони денари од буџетот за 2022 година се наменети за инвестиции и поддршка на земјоделските задруги како успешен модел за намалување на трошоците и обезбедување заедничкиот пласман. Со 24 милиони денари, пак, ќе продолжи реализацијата на Програмата за капитални трансфери за рамномерен развој на осум плански региони.

Во однос на другите институции кои се дел од секторот земјоделство, Димковски соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство идната година ќе располага со буџет од околу 623 милиони денари, а УХМР ќе има над 94 милиони денари, исто како и во 2021 година.

Буџетот за 2022 година има развојна компонента со фокус на капитални водостопански инвестиции. Она што е ново и што ја прави разликата со буџетот од 2021 година се средства наменети за отпочнување на мали бизниси, стартап проекти со грантови до 10 илјади евра, потоа дуплираниот износ за мерката „Рурална жена" од три на шест илјади евра неповратен грант и демаркација на средствата од ИПАРД-Програмата за вредност од 351 милион денари, насочени за зголемување на националното кофинансирање за примарното производство под 10 илјади евра, рече Димковски, нагласувајќи дека буџетот е креиран домаќински без непотребни трошоци и очекува земјоделскиот сектор да продолжи да се развива и во услови на светска здравствена и економска криза.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе