Вистинските избори во ерата на технолошката револуција

И покрај тоа што се информирани дека пушењето е штетно по здравјето, голем број луѓе едноставно не сакаат да се откажат од цигарите. Сепак, ситуацијата и тука се менува, бидејќи сè повеќе пушачи бараат алтернативни решенија. Соодветно на нивните потреби, а благодарение на научните и технолошките достигнувања, развиени се помалку штетни алтернативи на пушењето. 

Критиките со кои се соочуваат тутунските компании, растечката свест за грижата за здравјето и животната средина, но и огромната технолошка револуција што го зафати светот, ги натераа и тутунските компании да размислат за алтернативни производи за пушачите - производи кои се помалку штетни од традиционалните цигари.
Спроведените истражувања говорат дека алтернативите помагаат во промените.
Пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето цигари, или барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Бројните светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравство потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето на чад и неговата елиминација преку споменатите производи може да направи вистинска разлика во секојдневната здравствена заштита.
Едукацијата во овој сегмент е клучна и неоходна за подобрување на штетните навики кај луѓето кои консумираат традиционални цигари.
Важно е да се знае дека постои алтернатива да се избегне согорувањето и емисијата на штетни материи, благодарение на развојот на науката и технологијата. Развојот и проценката на овие производи трае многу години, а со создавањето на помалку штетни алтернативи како електронските уреди кои го загреваат тутунот, на пушачите им се овозможува подобар избор, затоа што процесот на согорување е целосно избегнат, а со тоа е намален ризикот од штета по човековото здравје.
Тутунските алтернативи без чад се првенствено наменети за возрасните кои инаку би продолжиле да пушат или да користат други производи кои содржат никотин.
Компанијата „Филип Морис Интернешнл“ која ги создаде производите со несогорлив тутун и која започна сопствена трансформација кон иднина без чад, го започна патувањето кон оваа цел во раните 90-ти години на минатиот век. Истражувачкиот центар на ФМИ одлучи да развие производи без фактор на согорување. Развиени се  многу производи, а најнапреден и најпознат помеѓу нив е IQOS.  Уредот функционира така што не го согорува тутунот, туку го загрева на зачително пониска температура. При консумирање не се создава чад од тутун, туку аеросол. Докажано е дека на овој начин, во просек произведува 95 отсто помалку штетни состојки во споредба со чадот од цигарите.
Научниците, иако задоволни од толку високиот процент, забележуваат дека ниту еден производ од овој тип не е без ризик и содржи никотин, кој предизвикува зависност.
Со оглед на научните докази дека примарно токсичните и канцерогени супстанци во тутунскиот чад, а не никотинот се главните причинители на болестите и смртноста, во компанијата токму во оваа насока видоа можност за развој на нови производи. Бидејќи беше познато дека при согорување на тутунот во цигарите се создаваат преку 6.000 соединенија, од кои огромен дел ги нема во растението, туку настануваат при согорувањето, научниот пристап беше да се постигне ослободување на никотинот, но без процес на горење.
Новите производи се базираат на наука која ги почитува највисоките стандарди и најсовремените методологии на фармацевтската индустрија и е во согласност со насоките дадени од светски реномираната Американска агенција за храна и лекови.
Во овој контекст, IQOS доби дозвола за продажба во САД во 2019 година, додека во јули 2020 година, оваа Агенција го класифицираше во категоријата производи со модифициран ризик и нотираше дека продуктот е суштински различен од цигарите.
Комерцијален текст

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе