Законски измени

„Викенд без ДДВ” на 10, 11 и 12 октомври

Владата на вечерашната осмама седница, на предлог на Министерството за финансии го утврди Предлог-законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од Данокот на додадена вредност на физичките лица.

Како што се наведува во соопштението од владината седница, со измената и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба се создава можност физичките лица кои се пријавени и се корисници на апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи преку која се пријавуваат фискалните сметки, со цел враќање на ДДВ-то за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври да им се врати целиот износ на данокот на додадена вредност.

„Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги, како и за компјутерска опрема кој не надминува 30.000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври 2020 година”, се додава во соопштението на владината прес-служба. 

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе