Веибо груп ќе инвестира 400 милиони долари и ќе отвори 5.000 нови работни места

Турската компанија Веибо груп ќе инвестира 400 милиони долари во Македонија и планира да отвори 5.000 нови работни места, најави денеска на митингот на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Никола Груевски.

Одлуката за оваа инвестиција денеска ја објави и турската компанија, која планира да гради фабрики во североисточниот дел од земјата. Веибо груп во Македонија ќе произведува кошули, костуми, палта, јакни, панталони, а производството ќе се пласира на пазарите во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија.

„Нашата првенствена задача како влада и политичари е подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето нови работни места. Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план“, рече премиерот Груевски.

Првичната инвестиција ќе биде 180 милиони долари, а во рок од пет години вкупните инвестиции во Македонја ќе бидат 400 милиони долари. Во рок од пет години се очекува извозот да достигне 600-800 милиони долари.

„Условите кои Македонија ги создаде и бизнис климата која ја направи е клучна за привлекување на инвеститори, тие доаѓаат затоа што гледаат одлична бизнис клима, одличен пристап од страна на владата, наши добри презентации, голема активност  да ги најдеме, детектираме и убедиме да дојдат во Македонија“, рече Груевски.

„Пред три недели две компании од Германија објавија своја инвестиција во охридско-струшкиот регион, едната со 1.000 втората со 800 вработувања. Двете ќе почнат во браунфилд инвестиција, а додека работат во постоечките хали ќе градат своја фабрика во технолошко индустриската развојна зона Охрид-Струга. Италијанската компанија за производство за машини за печатарската индустрија објави дека ќе гради своја фабрика во близина на Скопје со директни 200 вработувања“, рече Груевски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе