МЗШВ потсетува

Уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка за набавка на комбајн или сушара за ориз

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соопштение ги потсетува земјоделците дека на 6 јули истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз.

Овој јавен повик, како што посочуваат, се распишува преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

„Преку оваа мерка го олеснуваме производството на ориз, директно помагајќи го земјоделецот. Финансиската поддршка која се обезбедува преку овој јавен повик изнесува 3.500.000 денари по корисник. Можност да аплицираат имаат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗ системот на министерството, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Критериум кој барателот треба да го исполни е да располага со минумум производствен капацитет од над еден хектар површина под ориз“, информираат од Министерството.

Јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз беше објавен на 6 јуни од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

Од МЗШВ потенцираат дека заинтересираните земјоделелци повеќе информации за јавниот повик може да добијат на веб страната на АФПЗРР и во подрачните единици на министерството.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе