Уни банка ги додели наградите на 10 корисници на Виса картичките од играта „Купи... победи”

Во просториите на Уни банка беа извлечени десетте добитници на парични награди од наградната игра со Виса „Купи...победи”.

Наградите се доделени на клиенти на Банката од Скопје, Охрид, Кавадарци, Струмица и Струга од кои три парични награди од по 60 илјади денари, три од по 30 илјади, три од по 10 илјади и една парична награда од 100 илјади денари.

„Јас сум многу изненадена, не очекував дека сум добитник на првата награда. Kога почна играта не помислив дека ќе освојам награда. Едноставно ја користев мојата картичка. Ви благодарам!”, изјави Маја, среќната добитничка на паричната награда од 100.000,00 денари.

Извлекувањето беше направено во присуство на нотар, претставник на маркетинг агенцијата и директори на дирекции Банкарство за население и Картично работење на Уни банка.

Наградната игра траеше од 1 септември до 31 октомври, а право на учество имаа сите полнолетни граѓани , корисници на една од следните картички - Visa Classic Debit, Visa Classic и Visa Gold, издадени од Уни банка. Условот беше да се купува онлајн или да се плати на ПОС терминал за минимум 500 денари и тоа пет пати.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе