УЈП: До вчера поднесени се 27.100 барања за владините мерки за помош за мај

До втори јуни работодавачите и самовработените лица поднеле вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај, велат од УЈП.

За мерката финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД  поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.

За мерката Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени.

За мерката субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.

Рокот за поднесувања барања за овие мерки трае до 5 и 7 јуни.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе