Угостителите ќе се едуцираат 10 дена, со лична карта гостите ќе докажуваат дека се од едно семејство

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Стојко Пауновски

Тој кажа дека угостителите ќе бидат одговорни да бараат и лични карти од гостите, за да видат дали се од исто семејство, а со тоа, да ги сместат на маса со четири столици.

„Контролата е насочена на кафетериите и оние кои вршат угостителска дејност. Дали лицата се две или четири на маса е одговорност на оние кои вршат угостителска дејност. Од нашата свест и совест ќе зависи дали мерките ќе одат на олеснување. Протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти и да даваат соодветни места на оние кои ќе дојдат кај нив, па согласно тоа ќе преземаат мерки. Келнерот, односно газдата ќе ги спроведува протоколите, а не инспекторите, ние вршиме контрола кај угостителите. И 12 лица може да бидат на маса, но да се распоредени со соодветна дистанца“, рече Пауновски.

Казнувањето ќе почне по 10 дневната едукација која ја најави претседателката на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, но, доколку се забележи дека и по едно укажување на угостител тој повторно прави прекршок, тогаш ќе се казни веднаш.

„Планирано е во наредните десетина дена, од денес до крајот на наредната недела инспекциски тимови да вршат информативни посети и да ги едуцираат угостителските објекти. Се надевавме дека е тоа е доволен период да се известат сите, па ако треба ќе се продолжи. Целта е еднаш на секој угостител да му се укаже и образложи протоколот, доколку се забележи дека и покрај укажувањата тие не ги почитуваат, тогаш нормално е дека ќе има казни. Фокусот за почеток е да им се објасни да сите угостители кои се мерите и што е тоа кое мора да го почитуваат“, рече Филиповска Грашкоска.

Таа додаде дека Протоколот дозволува максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метар. Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на лична хигиена – често миење на раце во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорното лице.

претседателката на Инспекцискиот совет, потсети и дека протоколот утврдува оти е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства. Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза, додаде Филиповска Грашкоска, протоколот забранува организирање на какви било прослави, како што се родендени, свадби, крштевки и слично.

Таа информира и дека во периодот од 19 до 26 мај инспекторите од шесте инспекциски служби извршиле 2.375 инспекциски надзори.

„Државниот пазарен инспекторат изврши најголем број надзори односно 1.289 вонредни инспекторски надзори во правни субјекти од нивна надлежност за контрола на владините одлуки. Државниот инспекторат за труд, пак, во истиот овој период спроведе 436 контроли. Во врска со работите поврзани со трудовото право, владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од 1 јуни не важи за хронично болните, родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст и бремени жени, па би ги повикала работодавачите да продолжат да го почитуваат ова право на работниците се до донесување на друга одлука“, рече таа.

Инспекторите од АХВ извршиле 192 контроли, инспекторите од ДЗСИ, пак, реализираа 234 инспекциски надзори, а инспекторите од Државниот инспекторат за транспорт направија 180 надзори во наведениот период, а инспекторите од МАЛМЕД реализирале вкупно 44 вонредни инспекциски надзори.

Истакна дека се констатирани одредени прекршувања на владините одлуки и секој од инспекторатите во рамки на своите надлежности, како и во целиот период досега постапија во насока на санкционирање на прекршувањата или со давање на упатства за нивно надминување.  

 

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе