Министерот за земјоделство на средби во Долнени

Тутунарите ги добија парите од субвенциите, а можеше и порано, вели Николовски

Конечно, околу 17 илјади тутунари на своите сметки ги имаат заслужените субвенции за реколтата 2021 во износ од 1.3 милијарди денари, а доколку тоа законско решение беше усвоено уште во февруари, кога беше поднесено во Собранието и доколку не беше блокирано, овие пари многу порано тутунарите ќе ги имаа на своите сметки, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски во  селото Долнени, каде имал средба со земјоделци во организација на Асоцијацијата на земјоделци.

Николовски, меѓу другото, кажал дека со измените кои се извршени на Законот за земјоделство и рурален развој воведена е можност за авансно исплаќање на субвенциите од 30 проценти во рок од 90 дена по аплицирањето.

„Дополнително, со новиот ребаланс на буџетот за 2022 година предвидени се 2,7 милијарди денари, средства за комплетно исплаќање на редовните и заостанати субвенции кон земјоделците“, нагласил Николовски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе