Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Туристичка промоција под хаштагот #onlyiNMacedonia, нова понуда за Ген Z

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски го промовираше новиот проект  за продукција, дизајн, изработка, печатење и дистрибуција на фото брошура, за кој ќе се одвојат 100.000 денари. Истиот  е и дел од Годишната програма на АППТ за 2020 година.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ќе понуди нов пристап на промовирање, ќе се фокусираме на неколку предизвици за да го зголемиме бројот на слободни патувачи. Новите форми на промоција значат и привлекување на нови патувачи, односно АППТ ги прати трендовите и на новите генерации им овозможува поинакво запознавање со убавините на нашата земја”, изјави Јаневски.

„Ген Z e првата генерација во историјата што не го познава светот без Интернет. Влегуваат во дигиталлниот свет од раѓањето, Ген Z ги надминува миленијалс во секојдневните активности на социјалните медиуми со 4 часа поминати на ден. Ген Z во Северна Америка, Латинска Америка и Европа водат во бројот на социјални акаунти, што ги користат активно. Многумина исто така се оддалечуваат од платформите како Фејсбук, во корист на мултимедијални страници, како што се YouTube и Instagram“, рече Јаневски.

Фото албумот е визуелно патување низ прекрасни фотографии кои ја отсликуваат убавината, културата и историјата на нашата земја. Идејата е фото албумот да биде еден од главните промотивни алатки на Северна Македонија на социјалните медиуми, односно под одреден специфичен и карактеристичен хаштаг кој ќе биде активен на Инстаграм. Тематските фотографии ќе прикажуваат различни перспективи на нашата земја, природни убавини, културни и традиционални настани и манифестации, луѓе, историја... сѐ она што ѝ дава оргинален и безвремен карактер на Северна Македонија.

Главниот # (хаштаг) кој ќе биде водечки и препознатлив е #onlyiNMacedonia. Дополнителни хаштази кој ќе го следат во промоцијата се: #TraveliNMacedonia, #captureiNMacedonia, #natureiNMacedonia, #CaptureiNMacedonia, #discovernorthmacedonia.

„Конкретниот и специфичен хаштаг ќе ни помагне да се зголеми нашето присуство на социјалните медиуми бидејќи тие ја прават нашата содржина видлива од секој што има интерес за нашиот хаштаг. Хаштагот може да ни помогне да изградиме бренд за дестинацијата, во нашиот случај преку Фото албумот ќе се конектираме со следбениците и ќе ги искористиме нивните фотографии за промоција на Северна Македонија.

Целта на овој проект е да ја зајакнеме промоцијата на дестинацијата, да добиеме поголема видливост и да создадеме поголема публика која ќе ни помагне дополнително да ја категоризираме содржината (туристичките продукти и дестинации) која ќе ја промовираме.

Од утре февруари хаштазите ќе бидат активни на Инстаграм и останатите социјални медиуми, и секој кој ќе објави фотографија од Македонија, а ќе ги користи горенаведените хаштази до 1 декмеври 2020 ќе има можност најдобрите фотографии да бидат објавени во Фото албумот кој ќе биде изработен од АППТ. Хаштагот пред сѐ има за цел да привлече внимание и да ја промовира нашата земја како туристичка дестинација. Но користењето на овие хаштази ќе се употребуваат во нашите регуларни постови како и во постовите на нашите тековни и идни следачи. Воедно хаштагот би ни помогнал во пронаоѓање на таргетирана публика, ќе ни помогне во зголемување на видливоста на нашите социјални медиуми и стапката на прегледи, како на социјалните медиуми така и нашите веб страни.

Исто така, целокупната промоција во странски медиуми за оваа година ќе биде под хаштагот #onlyiNMacedonia.

Македонскиот туризам нема да биде значително погоден од негативениот ефект што го предизвика корона вирусот, рече Јаневски.

„Во земјава годишно доаѓаат по околу 7.000 – 10.000 кинески туристи, најчесто како дел од регионалните тури. Тоа е релативно мала бројка за да предизвика какво било влијание врз секторот“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Според Јаневски, нашите тур-оператори и сместувачки капацитети засега сé уште не ги откажуваат турите во кои има и кинески туристи, иако тоа е веќе случај со некои од државите на Балканот и во Европа.

„Уделот на азиските туристи не е на високо ниво, а и во 2020 година не треба да очекуваме голем ефект. Точно е дека има одреден број откажани групи, но од страна на странските тур-оператори, а не од нашите, зашто во регионот, па и во Европа се случува откажување на сместувачкуте капацитети кои не сакаат да ги примат гостите од Кина. Тоа кај нас сé уште се нема случено и се надевам дека нема да се случи, но мораме да почекаме, да видиме како ќе се одвива ситуацијата“, истакна Јаневски  одоговорајќи на новинарски прашања.

Тој уште еднаш укажа на проблемот со визите за кинеските туристи кој, додаде, мора да се надмине за овие гости да се задржуваат ден повеќе во земјава.

Последните статистики велат дека минатата година земјава ја посетиле 14.000 туристи од Кина и биле реализирани 20.000 ноќевања. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе