Триглав осигурување живот на финансискиот караван на НЛБ банка

Триглав oсигурување живот во текот на овој месец ќе биде дел од финансискиот караван организиран од страна на НЛБ банка.

Финансискиот караван кој годинава ќе се одржи по вторпат пред експозитурите на НЛБ банка низ земјатаод 5 мај до 5 јуни, има за цел да ги едуцира и советува клиентите  на банката за различни осигурителни и инвестициски финансиски продукти.

Клиентите ќе имаат можност да дознаат повеќе за активностите  и соработката на Триглав осигурување Живот и НЛБ банка, како и подетално да се запознаат со придобивките на Унит линк производот на Триглав животното осигурување.

Унит линк производот е нов и атрактивен осигурителен продукт кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премијата која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

Покрај информации поврзани со Унит линк производот, клиентите ќе можат да добијат и финансиско советување кое ќе им овозможи носење правилни одлуки за  финансиска сигурност во иднина. Тимот на Триглав осигурување живот за клиентите подготви и квиз со прашања за кој ќе се добиваат  симболични подароци.

Распоредот за караванот и точните локации, сите заинтересирани може да ги најдат на социјалните мрежи на Триглав осигурување живот и НЛБ банка.

Комерцијален текст

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе