Финансискиот караван кој годинава ќе се одржи по вторпат пред експозитурите на НЛБ банка низ земјатаод 5 мај до 5 јуни, има за цел да ги едуцира и советува клиентите на банката за различни осигурителни и инвестициски финансиски продукти.
Клиентите ќе имаат можност да дознаат повеќе за активностите и соработката на Триглав осигурување Живот и НЛБ банка, како и подетално да се запознаат со придобивките на Унит линк производот на Триглав животното осигурување.
Унит линк производот е нов и атрактивен осигурителен продукт кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премијата која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.
Покрај информации поврзани со Унит линк производот, клиентите ќе можат да добијат и финансиско советување кое ќе им овозможи носење правилни одлуки за финансиска сигурност во иднина. Тимот на Триглав осигурување живот за клиентите подготви и квиз со прашања за кој ќе се добиваат симболични подароци.
Распоредот за караванот и точните локации, сите заинтересирани може да ги најдат на социјалните мрежи на Триглав осигурување живот и НЛБ банка.
Комерцијален текст