Трајко Славески: За 3 месеци е акумулиран нов долг од 120 милиони евра

Денешното обраќање до македонската јавност може да биде насловено како:  трошење буџетски пари како да ќе нема утре или зошто владата на Македонија, предводена од СДСМ, предоцна и премалку, засега само на хартија, нуди помош за македонските граѓани и претпријатија во борбата со актуелната тешка економска криза? Или пак прашањето може дополнително да се преформулира како: зошто Владата на Македонија ја зголемува акцизата на горивата, кога други земји ја намалуваат како антикризна мерка во истиот период?, вели професорот Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека одговорот лежи во податоците за приходите и расходите во државниот буџет за првите три месеци од годинава, објавени во понеделникот од страна на Министерството за финансии. Во периодот јануари-март 2020 година остварениот буџетски дефицит изнесува 7,4 милијарди денари, што претставува 42,6% од вкупниот планиран дефицит за 2020 година.

„Ако оваа цифра се стави во однос со БДП за 2020 година според новите, кризни проекции, произлегува дека во првите три месеци од годинава е реализиран буџетски дефицит, т.е. акумулиран нов јавен долг, за над 1% од БДП, или нови 120 милиони евра. Нов долг за секое македонско семејство во просечен износ од 15.000 денари“, додава  Славески.

Според него, ова безмилосно трошење на средствата на македонските плаќачи на даноци е невидено во поновата историја на земјата.

„Да не одиме подалеку, во трите изминати години пред оваа, 2020 година, од кои некои се и изборни години, просекот на остварен буџетски дефицит во првото тримесечје, како разлика меѓу буџетските приходи (или чергата популарно кажано) и буџетските расходи (или нозете), изнесува околу 18% од планираниот дефицит за цела година, наспроти веќе спомнатите 42,4% во тековниов период. Што може да се види од графиконите на панелот. Само во март оваа година, кога бројот на заболени од новиот корона вирус растеше од ден на ден и беше сосема јасно дека е на повидок сериозна економска рецесија, владата потрошила за 50 милиони евра повеќе од остварените приходи, од кои ниту еден денар не е наменет за поддршка на македонските граѓани кои останаа без работа и за македонските претпријатија кои сé помасовно започнаа да ставаат клуч на врата. Значи, средства од близу половина процент од БДП на земјата, се расипнички потрошени за предизборен поткуп, кога светските медиуми ја вбројуваат Македонија како земја која издвоила најмалку средства за борба со последиците од пандемијата предизвикана од новиот корона вирус. Само 0,2% од БДП. Дури и овие средства фирмите ќе почнат да ги користат од наредниот месец, во мај“, изјави Славески.

Од СДСМ велат дека Христијан Мицкоски, Трајко Славески и ВМРО-ДПМНЕ, во услови на пандемија со коронавирусот не се откажуваат од намерата да ја манипулираат и ја плашат јавноста зборувајќи за буџетски дефицит, заборавајќи дека токму оваа партија додека беше на власт секоја година планираше и надминуваше превисоки буџетски дефицити, а јавниот долг го зголеми тројно. 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе