Топланата Север не работи, Исток и Запад имаат гас за уште еден ден

Вчера училиштата во општините Чаир и Бутел немале парно греење, па учениците си заминале дома уште од вториот час. Домаќинствата и градинките се греат на струја. Топланата Север не работи, а топланите Исток и Запад имаат гас за уште еден ден.

АД Скопје-Север побара наместо со гас, греењето да продолжи со мазут, но Град Скопје не дозволува поради тоа што топланите немаат филтри, а гасот е достапен на пазарот. И Министерството за животна средина забрани топланите да користат мазут или дизел како гориво.

Топланите Исток и Запад имаат А интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од Министерството за животна средина и имаат дозвола да греат со гас.

Топланата Север има Б-интегрирана дозвола, но инспекторатот на Град Скопје забранува да се користи мазут. Оваа топлана обезбедува парно греење за 500 домаќинства, училишта, градинки и јавни установи во Чаир и Бутел.

Од ЕСМ велат дека нема да има никакви проблеми со греењето, иако во топланите Исток и Запад има гас за само еден ден.

ЕСМ од почетокот на грејната сезона ја презеде обврската зимава да ги снабдува топланите Исток и Запад со гас и тоа го прави на кратки периоди од по две недели. Надлежните уверуваат дека ваквиот начин на набавка во моментов е подобар, со оглед на брзите и големи промени во цената на гасот на пазарот.

ЕСМ на 12 ноември соопшти дека купи гас со кој ќе се покрие производството на топлинска енергија до крајот на месецот и дека набавките ќе продолжи да ги прави за покуси временски периоди за да се искористи падот на цената на енергенсот. Од тогаш нема информација за нова набавка.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе