„Тиквеш“ и лозарите почнаа да потпишуваат договори за откуп на грозје

Шеснаесет денари за килограм „вранец” и 12 за „смедеревка” се цените за кои винарницата „Тиквеш” почна со потпишување договори со лозарите за откуп на грозје.

Светозар Јаневски, претседател на Управен одбор во винарницата, рече дека ова се рамковните цени коишто се поголеми од минатогодишните за килограм грозје од најзастапените вински сорти на грозје. Иако, како што нагласи, „Тиквеш” секогаш плаќа повеќе од договореното, имајќи ја предвид шеќерноста и други параметри.

На овој состанок беа определени и количините кои ќе бидат откупени, како и рамковната цена за грозјето, кои се значително повисоки од ланските, како и дополнителните бонуси за предаденото грозје со екстра квалитет наменето за производство на премиум вина. На лозарите им беа дадени и насоки за динамиката на берба и прием на грозје во винарницата, за да се избегнат несакани појави на различни притисоци и уцени за прием на грозје од страна на поединци кои немаат регулирани договорни односи со винарницата, а се мотивирани од други интереси кои немаат никаква врска со вистинското лозарство и винарство.

Јаневски се осврна на долгогодишната соработка со лозарите и говореше за критериумите за производство на што поквалитетно грозје. Тој кажа дека зависно од квалитетот, постојат повеќе категории на цени.

„Сметаме на вас, едни на други сме си партнери за соработка. Ние без вас не можеме“, им рече Јаневски на присутните производители на грозје.

Тој кажа дека и понатаму ќе ги поддржуваат лозарите, обезбедувајќи им препарати со пониски цени, стручни совети и едукација.

На средбата беше кажано и тоа дека има можност покрај на рати, исплатата да биде и во рок на седум дена, под посебни услови.

Во „Тиквеш“ се исклучително задоволни од досегашниот одзив и комуникацијата со лозарите, како и од текот на процесот на потпишување договори и очекуваат дека оваа година ќе бидат потпишани и над 2.000 договори за деловна соработка со лозарите.

 

 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе