НОВА ДИМЕНЗИЈА ВО МУЗИКАТА

Телеком ја воведува новата Ленц апликација и го најавува првиот разговор во живо со Горилаз

По концертот што се одржа минатиот месец во Лондон, каде Горилаз(Gorillaz) за прв пат го претставија нивниот нов албум Humanz во живо, Telekom Electronic Beats најавува уште еден настан кој ќе се одржи за прв пат: разговор во живо со бендот, кој ексклузивно ќе се емитува на YouTube каналот на Electronic Beats, во четврток, 20 април во 16 часот.

Интервјуто, кое ќе го води DJ MistaJam од BBC Radio 1, ќе им даде шанса на обожавателите од целиот свет да  слушнат за новиот албум од страна на Мурдок и 2D.

Освен интервјуто, Telekom Electronic Beats денес ја претставуваат и нивната нова Lenz апликација. Aпликацијата која може да се симне бесплатно, ја преобразува која било магента површина, како што е логото на Electronic Beats, во виртуелен портал преку кој може да се гледаат ексклузивни содржини за Gorillaz.

Оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација им овозможува на корисниците да искусат една сосема нова димензија - поглед внатре во домот на членовите од бендот: Мурдок Никалс, Расел Хобс, 2D и Нудл. Во следите недели на обожавателите ќе им бидат достапни сѐ повеќе содржини.


Корисниците на Македонски Телеком ќе можат да уживаат во музиката и содржините на Gorillaz сега со двојно повеќе или 8 GB интернет вклучени во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1. Оваа промотивна понуда е со ограничен временски период.

Покрај интервјуто и Lenz апликацијата, партнерството помеѓу Telekom Electronic Beats и Gorillaz исто така предвидува четири концерти во Варшава (14 јуни), Будимпешта (16 јуни) Катовице (18 јуни) и Келн (20 јуни).

Повеќе информации за концертите и билетите на: www.electronicbeats.net
                                                                                                   Комерцијален текст

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе