ТАВ Македонија: Крстевски назначен за член на Бордот, Ерсој е новиот генерален директор

ТАВ Аеродроми од 1 јануари го назначи Зоран Крстевски како член на Бордот на директори на ТАВ Македонија, додека Алп Ер Тунга Ерсој е назначен за нов генерален директор на компанијата која управува со двата македонски аеродроми – скопскиот Александар Велики и охридскиот Свети Апостол Павле.

„Како истакнат професионалец во областа на авијацијата, со неговото долгогодишно искуство во различни авијациски институции, Зоран Крстевски е назначен за член на Бордот на директори на ТАВ Македонија, каде што сме сигурни дека со неговата позиција ќе даде одличен придонес за проектите и новите потфати на ТАВ Аеродроми во регионот. Во исто време, Алп Ер Тунга Ерсој, е назначен за нов генерален директор на ТАВ Македонија, со очекување дека ќе продолжи да ја води компанијата кон нејзин натамошен успех, развивајќи ги македонските аеродроми, како што менаџерскиот тим на ТАВ Македонија и правеше во последните 7 години“, соопштија од ТАВ Аеродроми од Истанбул.

Холдингот ја изрази својата благодарност до менаџерите за постигнатиот успех досега и им посака натамошен успех на нивните нови позиции.

„Би сакал да им се заблагодарам на ТАВ Аеородроми за довербата која ми ја дадоа од нивното влегување на македонскиот пазар, како генерален директор да ја водам компанијата која што во последните шест години успеа да ги развие македонските аеродроми зголемувајќи го бројот на авиолинии од скопскиот аеродром за три пати и зголемувајќи го бројот на патници за повеќе од два пати од 2010 година.  Од блиската соработка која што ја имавме во изминативе години, убеден сум дека мојот колега Ерсој ќе продолжи да го развива бизнисот во Македонија, придонесувајќи за општ развој на авиосообраќајот, користејќи го ценетото знаење на ТАВ Аеродроми од областа на аеродромските операции“, изјави Зоран Крстевски, член на Бордот на директори на ТАВ Македонија.

Алп Ер Тунга Ерсој

Алп Ер Тунга Ерсој, од влегувањето на ТАВ Аеродроми на македонскиот пазар досега беше заменик-генерален директор на ТАВ Македонија. Ерсој има над 17-годишно  искуство во авијацијата, а во ТАВ Аеродроми работи од 1999, на повеќе различни позиции - како дежурен службеник на терминалот, а потоа и дежурен  менаџер на терминалот на аеродромот Ататурк во Истанбул, позиции на кои е до 2005 година; потоа станал дел од тимот на меѓународниот проект на ТАВ Аеродроми во Грузија, работејќи на позициите - менаџер на аеродромот во Тбилиси, а потоа и заменик генерален директор на меѓународниот аеродром Тбилиси, до 2008 година. Од септември 2008 година, досега, беше заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

„Би сакал да се заблагодарам на ТАВ Аеродроми за новата позиција на генерален директор на ТАВ Македонија и на Зоран Крстевски за неговиот ценет менаџерски придонес во развојот на македонските аеродроми што го постигнавме досега. Соработувавме многу блиску и ќе продолжима да соработуваме многу блиску и во иднина, имајќи ја предвид неговата нова позиција и нашата визија да ги направиме македонските аеродроми главни центри за авиосообраќај во регионот, обезбедувајќи разновидни услуги, привлечни не само за македонските граѓани туку и за патниците од соседните земји“, вели Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија ги заврши првите 11 месеци од 2016 година со 16 отсто пораст на бројот на патниците, достигнувајќи вкупно 1.661.010 патници. Во истиот период, од јануари до ноември, бројот на летови се зголеми за 10 проценти.

Во 2016, третпат изминативе пет години, скопскиот аеродром ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) од организацијата ACI (Airports Council International), односно беше прогласен за најдобар аеродром во Европа, во поглед на квалитетот на аеродромските услуги, во категоријата на аеродроми под два милиони патници. Како награда што е резултат на независните истражувања што ACI ги прави на аеродромите низ целиот свет мерејќи го задоволството на патниците во различни категории, ова признание од ACI е навистина значаен доказ дека во последните седум години ТАВ Македонија успеа да ги подобри услугите што се нудат во терминалната зграда на аеродромот.

                                                                  Комерцијален текст

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе