Динамичната програма предвидува вински дегустации низ целиот свет вклучувајќи ги Србија, Швајцарија, Австрија, Велика Британија, Холандија и САД. Истовремено, за оние кои сакаат да дознаат повеќе за сортата, отворени ќе бидат мастерклас обуки, од кои едната ќе ја води реномираниот вински експерт Томас Куртис.
Светскиот ден на Вранецот ќе се одбележи во Македонија на винскиот салон кој ќе се одржи на 5 октомври во М6 Едукативниот центар. На едно место ќе бидат изложени околу 50 вина од сортата Вранец произведени од винарии од Македонија и регионот. Салонот ќе биде од отворен карактер.
Освен тоа, на 7 октомври ќе се одржи и „Гранд Вин“ – винскиот салон на македонски премиум вина со фокус на сортата Вранец.
Добрата регионална и меѓународна промоција е предуслов за влез на нови пазари, освојување нови клиенти и потрошувачи и зголемен извоз. Светскиот ден на Вранецот прераснува во веќе препознатлив настан и ќе помогне оваа сорта да се позиционира на исто ниво со најдобрите интернационални вински сорти.
Вранецот е сорта која во нашата земја е засадена на близу 11.000 хектари, со што Македонија е најголем производител на вино од оваа сорта.