БИТОЛА

Стопирана е изградбата на пругата кон Грција, ќе се активира банкарска гаранција на бугарскиот конзорциум

Прекинати се сите работи на изградбата на пругата Битола - Кременица кон Грција. Бугарскиот конзорциум што победи на тендерот не ги почитуваше договорените работи.

Министерот за транспорт и врски, Владимир Мисајловски вели дека бугарската фирма што работеше не го почитувала договорот по што ќе биде активирана банкарската гаранција.

„Компанијата не го испочитува договорот, а како Влада мора да го заштитиме државниот интерес. Многу внимателно разгледувавме со ЕУ, бидејќи овој проект се гради со пари од ИПА средства, па сега процесот е во раскинат договор, а секако ќе се испочитуваат законските прописи кои важат во Македонија, и кои оставаат простор за активирање на банкарска гаранција“, изјави Мисајловски.

За изградбата на оваа делница предвидени се 20 милиони евра од ИПА фондовите.

Подизведувачите, компаниите од Македонија кои беа ангажирани да работат дел од пругата за бугарскиот конзорциум се жалат дека не добиле пари за сработеното.

Мисајловски најави нов тендер за избор на нова компанија што ќе ги доврши работите околу изградбата на пругата, но за тоа, вели, дека чека инструкции од ЕУ.

Пругата е долга 17 километри и требаше да биде готова пред два месеци.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе